Неколку сообраќајни несреќи низ цела Македонија

Во текот на изминатите 24 часа на територија на Македонија се случиле неколку сообраќајни несреќи. 

На 26.05.2022 околу 21.35 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионален пат во с.Враништа, струшко, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(18) од Струга, удрило во Н.П.(54) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што подоцна починал. Увид на местото извршила екипа на ОВР Струга.

На 26.05.2022 во 13.28 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „168“ во с.Мала Речица, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди а3“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.К.(61) од с.Мала Речица и електричен тротинет управуван од Ш.Б.(73) од с.Мала Речица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ш.Б., констатирани  во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

На 26.05.2022 во 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Пирок, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А. (49) од с.Жеровјане, тетовско, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово

Исто така, на 26.05.2022 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Скопје – Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(44) од с.Ласкарци, скопско и патничко моторно возило „сузуки свифт“ со косовски национални ознаки, управувано од М.З.(37) од с.Ласкарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.П., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје, како и сопатничка во патничкото моторно возило „сузики свифт“, С.М. (31) од Швајцарија, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Со телесни повреди во несреќата се здобиле возачот на возилото „сузуки свифт“ и сопатничката Л.Ш.П. (29) од Швајцарија, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Полицијата евидентира уште два случаја и тоа:

На 26.05.2022 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.А. (28) од Скопје и велосипед „каприоло“, управуван од В.М. (64) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 26.05.2022 околу 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булевар „Крушевска Република“ со булевар „Кочо Рацин“, товарно моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Е.(55) од Скопје, удрило во Е.М.(34) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.