Неколку скопски улици во вторник ќе останат без вода

Од Центарот за управување со кризи информираат дека поради поврзување на нова водоводна мрежа од Ф-200 мм во ПС Водно, како и дефект на затварач од Ф-250 мм на ул.Тодор Александров бр.3 во нас. Водно,без  водоснабдување 08:30 часот до завршување со активностите ќе останат  корисниците на неколку скопски улици.

Соопштението се однесува на граѓаните кои живеат на дел од ул.Ловќенска, дел од ул.Караорман, ул.Ѓеорги Хаџипанзов, ул.Капиштец, дел од ул.Тодор Александров, дел од ул.Ацо Караманов, ул.Питу Гули, ул.Димитар Пандилов,ул. Димитар Беловски, ул.Христо Чернопеев, ул.Периша Савелич, дел од ул.Славејко Арсов, Тасино Чешмиче,ул.Востаничка, дел од ул.Белградска, ул.Ѓорги Скрижевски, ОУ Кочо Рацин, ДГ Кочо Рацин како и сите дипломатски претставништва и Амбасади кои се наоѓаат на горе наведените улици.