
ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Карпош.
Оттаму информираат дека поради промена на затворач ф-100 на улицата Миладин Поповиќ, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Миладин Поповиќ и дел од следните улици: Орце Николов, булевар Илинден, Никола Тесла и Мирка Гинова.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.