Неколку скопски улици денес ќе останат без вода

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека поради изведување водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Стрезова бр.36 без вода ќе останат корисниците од улиците Стрезова, Милан Марковиќ и Крчин, како и дел од корисниците од ул. Козле.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 8 часот до завршување на работите.