Неколку скопски улици без вода денеска!

Денеска, поради уличен дефект ф-5/4 “ на ул.Јустинијан Први 2, без вода ќе останат корисниците од неколку улици.

Според јавното известување на ЈП Водовод и Канализација, на новниот официјален фејсбук профил, прекинато водоснабдување ќе имаат следните улици: дел од Малешевска, Аилска, Јакупица, дел од Румена Хаџипанзова и Бранко Заревски.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:20 часот па се до завршување со санација на дефектот.