Неколку скопски села утре без струја

Корисниците од скопските села Миладиновци, Дељадровци и Текија утре од  7:00 до 17:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.