Неколку скопски општини утре ќе останат без струја

ЕВН Македонија информира дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија, утре ќе останат следните корисници:  

  • од 08:30 до 15:00 часот,  повремени прекини ќе имаат корисниците од дел од ул. Козара.  (Општина Центар)
  • од 09:00 до 11:00 часот и од 12:00 до 14:00 часот, без  електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од ул. Лука Геров.  (Општина Ѓорче Петров)
  • од 09:00 до 13:00 часот,  дел од с. Зелениково во близина на општината. (Општина Зелениково)
  • од 09:00 до 15:00 часот делови од улиците: Индира Ганди и  Пелагонија. (Општина Шуто Оризари)