Неколку скопски општини утре без струја поради технички зафати

Корисниците во неколку општини во Скопје утре ќе останат без електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, информира ЕВН Македонија АД.

Во периодот од 6:00 до 10:30 часот, дел од корисниците на ул. Козара од бројот 1 до бројот 20 и еден дел од улицата Шарски одреди во општина Центар нема да имаат струја.

Без електрична енергија во периодот од 8:30 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците на ул. Партизански одреди бројот 39 (зградата спроти Градежен факултет).

Без струја од 8:30 до 11:30 часот ќе бидат корисниците од село Сопиште улиците 1, 5 и 7.

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе бидат објектите на Славија, ТВ – 24, Бетон Скрепер, Бриколаж, Нептун и бул. Војводина во општина Гази Баба.

Во периодот од 9:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во село Катланово (потрошувачите од десната страна од автопатот Скопје – Велес) во општина Петровец.