Неколку скопски општини денеска без струја, вода ќе нема во дел од Маџир Маало

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска се планирани следните прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:

 • од 08 до 16:00 часот, корицниците од Бул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.53 (од ресторант Лајт до бурекџилиница Даглас), ул.Св.Кирил и Методиј бр.53 и 56 (сервис за коли Ауто Ин Џеповски и Јамаха и други дуќани до АМСМ. (Општина Центар)

• од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на дел од Горно Соње (Општина Сопиште)

• од 12:00 до 13:30 часот, корисниците од Бул.Партизански Одреди бр.65,69, 71 и 73.. (Општина Карпош)

• од 08:00 до 12:59 часот, корисниците на дел од с. Волково. (Општина Карпош)

• од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од ул.Домазетовска и ул.Китка (Општина К.Вода) 

Од  ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен  дефект од 5/4 на ул. Раде Јовчевски Корчагин бр.17, без водоснабдување од 09:00 часот до отсранување на дефектот ќе останат корисниците населбата Маџир Маало (општина Центар).