Неколку скопски општини денес ќе останат без електрична енергија

Од ЕВН Македонија информираат дека поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците од општините Ѓорче Петров, Карпош и Центар. 

од 08:30 до 12:00 часот,  дел од Волково, поточно објектите во околина на  фирмите: Гранит и Водостопанство - Вардар.  (Општина Ѓорче Петров)

од 09:00 до 10:00 часот, ул. Исаија Маџоски згради со бр: 29, 32, 34, 36 и 38 како и  Детска градинка  - Росица.  (Општина Ѓорче Петров )

од 09:00 до 12:00 часот, ул. Борка Талески бр. 26.  (Општина Центар )

од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците од ул. Митрополит Теодосиј Гологанов,  ( во близина на објектите со  броеви  72 и 74 ) и делови  од улиците: Њуделхиска, Анкарска и Атинска.  (Општина Карпош )

од 10:30 до 11:30 часот, дел од ул. Веле Марков.  (Општина Ѓорче Петров )

од 12:00 до 13:00 часот, ул. Стево Филиповиќ зграда 2 и  зграда 4.  (Општина Ѓорче Петров )

од 13:30 до 14:30 часот, делови од улиците: Мраморец и Белишка.  (Општина Ѓорче Петров )