Неколку скопјани недолично се однесувале на вчерашниот фудбалски натпревар

На вчерашниот натпревар Македонија - Исланд биле забележани неколку случаи на недолично однесување на навивачи.

На 14.11.2021 во 20.15 часот на арена „Тодор Проески”, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Б.М.(34) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторен прекршок од Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.11.2021 во периодот од 18.10 до 18.40 часот на арена „Тодор Проески”, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Р.Ј.(41) од с.Батинци,скопско, М.А.(49), Г.Ц.(41) и Н.Б.(47) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторен прекршок од Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревар (палење на пиротехнички средства). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 14.11.2021 во 13.50 часот на арена „Тодор Проески”, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.С.(28) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторен прекршок од Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревар (палење на пиротехнички средства). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.