Неколку работи кои ниту еден маж не сака да ги признае

 

Велат дека секоја жена има тајна која ја чува во себе. Но, што е со мажите? И тие исто така имаат тајни кои не би им ги откриле на жените. Еве листа со неколку работи кои ниту еден маж никогаш нема да ви ги каже!

Сакаат самоуверени жени

Самодовербата ги прави луѓето многу попривлечни!

Важно им е како изгледате

Мажите не ги интересира дали сте облечени според последна мода, но сака да види жена која има привлечен стил кој вклучува елеганција и женственост. 

Не знам како да го направам тоа

Мажите мислат дека за жените е многу важно да „бидат мажи“. Затоа започнуваат да прават нешто дури и ако не се сигурни како треба да го прават. Тие мислат дека мораат да бидат силни и паметни пред жените, и не сакаат да признаат дека не знаат нешто. 

Се чувствуваат изгубено кога им поставувате „комплицирани“ прашања

Жените често поставуваат прашања како „Дали сум дебела?“ и истовремено имаат тажно лице, но и остар поглед. Не можете ни да претпоставите колку мажите го мразат тоа. Дури и да не ви стои добро фустанот, тој ќе рече дека е добар, мислејќи дека тоа го очекувате.

Не сакаат да признаат дека не можат да си дозволат нешто

Делумно заради его, делумно заради натпревар со околината, но не сакаат да ѝ признаат на жената дека не можат да си дозволат нешто.

Љубоморни се

Тие не ги искажуваат своите чувства отворено, а кога некој отворено флертува со нивна девојка, тие ќе се трудат да бидат сосема ладнокрвни. Меѓутоа, тоа ги јаде одвнатре. 

Тие ве проучуваат

Тие долго ќе излегуваат со жена додека одлучат дали сакаат нешто посериозно и често им треба подолг период.

Сакаат комплименти

Традиција е мажите да даваат комплименти на жените, но и тие сакаат да слушнат пофалби. Потребни им се убави зборови и еден убав збор може да им го разубави денот. 

И тие се плашат

Мажот не треба да зборува за своите стравови зарем не? Но, секој има фобии. Мажите нема да ви кажат дека се плашат од темница или пајаци за да не покажат слабост. Но и тие имаат стравови.

Мајстори за криење чувства

И на мажите им доаѓа да заплачат на филм, но тој храбро ќе ја крене главата и ќе се прави дека тоа не го допрело. 

Не си заминуваат без причина

Мажот никогаш нема да си замине ако е заинтересиран. Ако си замине, има добра причина за тоа.