Неколку места во Скопје денеска без вода

Корисниците од Визбегово и Долно Лисиче денеска од 8:30 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што соопшти Дежурно-информативниот центар на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на улицата „5“ бб во Визбегово. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на активностите.

Прекинот во Долно Лисиче, пак, е поради водоводен приклучок на улицата „2“ бр.30 во Долно Лисиче, Општина Аеродром. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.