Неколку малолетници тепале нивен врсник на автобуска станица во Центар

Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје, 46-годишната Р.Ј. од Скопје пријавила дека еден ден претходно на 05.05.2025 околу 22.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, нејзиниот 17-годишен син бил физички нападнат од неколку лица, најверојатно малолетници.

Полицијата ги презема мерки за расчистување на настанот.