Неколку лица повредени при судир на „голф“ и запрежно возило

На 23.12.2021 околу 10:50 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – исклучок за село Мамутчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од И.С.(47) од село Горобинци, светиниколско и запрежно возило, управувано од И.З.(75) од Велес.

Во несреќата И.З. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот во запрежното возило С.У.(65) од Велес, возачот И.С. и сопатничката во неговото возило В.С.(74) од село Горобинци се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото извршиле екипа на СВР Велес.