Неколку физички напади и тепачки пријавени вчера во Скопје

Во МВР вчера биле поднесени неколку пријави за кривични дела физички напади и тепачки, на територија на главниот град. 

Притоа, евидентирани се следните настани:

А.М.(42) од Скопје вчера во 17 часот пријавил дека на подрачјето на Аеродром, поради нерасчистени меѓусебни односи, бил физички нападнат од З.А. и уште три лица. Се работи на расчистување на случајот.

М.Г.(74) од Скопје вчера во 12.30 часот пријавила дека на подрачјето на Карпош била физички нападната со тврд предмет од Ј.К.(51) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

З.Ј.(56) од Скопје вчера во 18 часот  пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од И.Н.. Се работи на расчистување на случајот.