Неколку дена посвежо време, па следуваат потопли денови

До четврток под влијание на продор на постудена воздушна маса ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време со умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Утре ќе има повремен локален дожд. Од четврток утринските температури ќе бидат особено ниски, а од петок повторно ќе има пораст на дневните температури.