
Според најновите метеоролошки податоци, работната недела започна со стабилно, сончево и постепено потопло време, но веќе за неколку дена доаѓа вистински есенски влажен бран.
Денеска и утре ќе имаме сончево време со дневни температури кои ќе достигнат до 25°C односно 26°C, додека утринските температури ќе бидат пониски и ќе се движат од 3°C до 4°C.
Во среда и четврток ќе има умерена облачност, но дневните температури ќе продолжат да растат, достигнувајќи го неделниот максимум од 27°C во четврток.
Позначителна промена на времето се очекува во петок, кога настапува наоблачување со врнежи од дожд и забележителен пад на дневната температура до 17°C.
За време на викендот кој ќе биде продолжен ќе преовладува облачно време со повремени сончеви периоди и дневни температури помеѓу 16°C и 18°C.