Неколку делови од Скопје утре без струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Чучер Сандево, Шуто Оризари, Карпош и Гази Баба.

Од РЦУК Скопје информираат дека утре без струја од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од село Глуво, Општина Чучер Сандево, како и корисниците од ул. „Индира Ганди“ и дел од ул. „Јован Хаџи Шишков“ во Шуто Оризари.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Женевска“ од бројот 10 до бројот 17 и објектите во непосредна близина на бројот 17 во Општина Карпош.

Од 8:25 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од населба Трубарево, Краварство Трубарево, Репетиторот на МРТВ, Капитал инвест, Ергеле, Рибник, Сточниот пазар, Лук оил и ЧУКУР во Општина Гази Баба.