Неколку делови од Скопје утре без струја

По добиеното известување од  ЕВН Македонија АД, РЦУК на Град Скопје ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро-мрежата утре без електрична енергија ќе останат:

Од 08:30 до 11:00 часот, корисниците  од  дел  од  ул. Дрезденска и Алжирска во општината Карпош, од 08:30 до 11:30 часот, корисниците  од  дел од ул. Аминта Трети и дел од ул. Никола Тримпаре во општина Центар , од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од  дел од бул. Метрополит Теодосиј  Гологанов, поточно  објектите во близина на Интернационалното  училиште -  Нова

Во текот на денот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците  од дел од ул. 10 во населба Сарај,  како и корисниците од дел од  ул. Брсјачка Буна.

Oд 09:00 до 15:00 часот, корисниците од  ул. Дренак, ул. 367, дел од ул. Невена Ѓоргиева Дуња и  дел од ул. Балзакова и од 13:00 до 14:00 часот, корисниците од  дел од ул. Доситеј Обрадовиќ, ул. Дино Петров, дел од ул. Димо Хаџи Димов,  ул. Мишко Михајловски и ул. Тоне Томшиќ.