Неколку делови од Скопје денеска повремено без струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат следните корисници: 

• од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул.Ловќенска, ул.Леринска и ул.Илија Плавев (општина Карпош)

• од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул.Методија Митевски, бул.Втора Македонска Бригада, ул.Касарна Илинден, ул.1671 (општина Чаир)

• од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. Саса 32, Пинтија (Општина Кисела Вода)

• од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.3, с.Усје (Општина Кисела Вода)

• од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од ул.Ѓорѓи Капчев (Општина Аеродром)

• од 11:30 до 15:00 часот, корисниците од ул.Франклин Рузвелт зграда број 63. (Општина Карпош)