Некој ве чека баш вас, токму онакви какви што сте...

Во животот е важно да се има свет околу тоа кој си, што си и каде ти е местото. Важно е секој од нас да си има сопствен престол и да се држи за него. Ние сме емоционални суштества кои секој момент доживуваат нови искуства.

Кога некој ќе се појави во вашиот живот, таа личност може да биде или подарок или лекција. Понекогаш ги заслужувате подароците, понекогаш доаѓаат само за да ви покажат дека може и поинаку. Дека можете да излезете од удобната зона. Дека можете поинаку да љубите. И дека има луѓе кои знаат да сакаат. Дека не се сите исти. Дека нема сите да ве повредат или да ве изневерат. 

Лесно е да се препознаат таквите луѓе. Тоа се луѓе кои не сте ги среќавале често. Луѓе кои ви даваат поинакви искуства и поинаку зрачат. Луѓе кои отстапуваат од вашите класични емотивни приказни. Некогаш вие сте тие луѓе кои се појавуваат во нечиј живот за да им покажете дека може подобро. Може поинаку. Поискрено. 

Нечија темнина може да ве повреди, но не и да го промени она што сте. 

Понекогаш Бог ве праќа во нечиј живот за да му помогнете. Но, ако тој некој не е подготвен за помош, вие не можете ништо да направите. Вашата улога е завршена. Вие сте го направиле она што сте требале да го направите – сте се појавиле. Тоа што некој не го препознал тоа – тоа не е ваш проблем. Продолжувате понатаму. 

Некој ве чека баш вас, токму онакви какви што сте.

И ако во животот не ви се случуваат убави работи, можеби вие сте убавата работа која треба да им се случи на другите.