Некој те чува...

Дури и кога не го знаеш тоа. Дури и кога не го бараш тоа. Кога највеќе ти треба. Кога ти е тешко. Кога си среќен и безгрижен. Кога перницата е натопена со солзи. Кога ги прегрнуваш саканите. Кога си сам. Кога спиеш. Кога го искусуваш непознатото. Кога си во својата комфорна зона.

Некој те чува.

Кога ја минуваш улицата. Кога некој друг те вози. Кога си гладен. Кога ти е мака од храна. Кога си во весело друштво. Кога некој  ти се смешка, а ти би сакал да плачеш.

Некој те чува.

Кога ти е ладно. Кога некој ќе те покрие. Кога самиот себеси се охрабруваш. Кога си далеку од сѐ она што ти се чини блиско, а сѐ што ти треба е веќе во твоето срце. Кога некој ќе ти покаже каде да одиш. Кога ќе се уплашиш. Кога ќе залуташ и кога повторно ќе го пронајдеш својот пат.

Некој те чува.

Кога трчаш да стигнеш некаде и тогаш стигнуваш навреме. Кога некому честиташ нешто, а таа личност не знае да се израдува, па тебе ти паѓа жал. Кога марамчињата се нудат да ја впијат тагата која излегува од тебе. Кога остануваш буден за да бидеш покрај некого.

Некој те чува.

Кога ќе чуеш глас кој вели: „Види ја мапата“. Кога ќе кажеш дека нешто сакаш, а сепак си малку уплашен. Кога сакаш, а сепак ти е тешко. Кога сакаш да ја поделиш својата среќа. Кога кучето ќе ти седне во скут. Кога ќе го здогледаш  својот куфер после летот. Кога продавницата е отворена и кога го имаат баш она што ти треба.

Некој те чува.

Кога ќе погледнеш во часовникот и стрелките се поклопени. Кога фантазираш и ги создаваш своите соништа. Кога ќе ти излезат некои слики на кои си насмејан. Кога чевлите ќе ти направат рани, а потоа раната ќе зарасне. Кога ќе добиеш книга како подарок. Кога некој ти ги масира нозете.

Некој те чува.

Кога ќе се посомневаш во нешто, а потоа Универзумот ќе те изненади на начин кој никогаш не си можел да го замислиш. Кога ќе запознаеш луѓе со кои споделуваш радост. Кога се плашиш од промени. Кога промената добро ќе ти дојде. Кога пееш а никој не те слуша. Кога ќе собереш храброст, па пееш и пред други.

Некој те чува.

Кога медитираш. Кога ја слушаш сопствената тишина, но и кога во тебе има целосен хаос. Кога се храниш здраво, ама и кога се заседнуваш во кафана и јадеш мрсно. Кога вежбаш, но и кога се излежуваш. Кога само размислуваш за најдобрата верзија од твојот живот, но и кога допринесуваш таа верзија да се оствари.

Некој те чува.

Кога зборуваш за твоите чувства. Кога носиш одлука да зборуваш за твоите чувства. Кога ќе собереш храброст и  ја бараш поддршката која ти е потребна. Кога ќе дозволиш другите да те поддржат. Кога веруваш во добри работи. Кога ќе го послушаш внатрешниот глас. Дури и кога мислиш дека си згрешил, губел време или залутал од патот.

Некој те чува.

И кога ќе заборавиш да се грижиш за себе. И кога ќе се сетиш кој си. Кога им даваш љубов на другите и кога си бесен и незадоволен од нешто. Кога не можеш да спиеш навечер, но и кога во сонот го гледаш решението на сите проблеми. Кога мислиш дека не можеш подобро, иако длабоко во себе се надеваш дека тоа не е вистина.

Некој те чува.

Кога блеснуваш во твоето најдобро издание. Кога си во темница. Кога одлучуваш да се чувствуваш добро. Кога ќе дозволиш да ги почувствуваш сите емоции. Кога го разубавуваш твоето физичко тело. Кога не се грижиш. Кога се грижиш. Кога ич не ти е гајле. Кога мислиш дека никому не си важен, но и кога знаеш дека некој те сака.

Некој те чува.

И кога сѐ оди како подмачкано и кога сѐ оди наопаку. Кога имаш кому да кажеш дека го сакаш. Кога некој тебе ќе ти каже дека те сака. Кога ќе сфатиш дека на другите можеш да им го дадеш само она што тие сакаат да го примат и тоа ти е океј. Кога ќе сфатиш дека ти си на животно патување и дека треба да уживаш.

Некој те чува.

Некој води сметка за секој твој здив и отчукување на срцето. Некој кој те создал и кој те сака, надвор од границите на љубовта која ја познаваш. Некој кому си совршен баш таков каков што си. Некој кој верува во тебе и знае дека можеш. Некој те гледа со очи полни со љубов и ти ја дава потребната сила. Некој кому си доволно добар и кој ти го дава сѐ она што ти е потребно.

Некој те чува.
 

new nike air max 2019