1-ви мај во Прага, Истанбул и Дубаи. Ова се туристичките дестинации кои годинава се најатрактивни за граѓаните со подлабок џеб. Туристичките агенции тријат раце. Велат дека за Денот на трудот, продале за 15 % повеќе аранжмани во споредба со минатата година.
Најевтините понуди се движат од 100 до 150 евра, за 4 дена во Прага или Истанбул со автобуски превоз, додека најскапата е за прошетка во Париз од 460 евра и Дубаи од минимум 500 евра, со авионски превоз.
- Имаме понуди и за бањски туризам, во Боровец, Банско, Сандански, потоа хотелите на Халкидики, а од подалечните се бара Дубаи. Граѓаните сега сакаат да одморат, така што задоволни сме од продажбата на аранжмани.
- Ги нудиме Виена, Прага, Будимпешта, Рим, Венеција, Фиренца, Париз, а многу се бараше и Кападокија. Веќе се е пополнето, групите се тргнати, имаше голем одѕив годинава.
Дел од граѓаните сепак за 1-ви мај одлучиле да останат дома.
Повеќето граѓани кои нема да отпатуваат никаде, најчесто се одлучуваат Денот на трудот да го одбележат со скара и пикник во природа. Надлежните апелираат да се почитуваат првилата за заштита на средината и да се внимава со палењето оган. Казните се строги – за палење оган на јавна површина казната е 200 евра, а за фрлање отпад 50 евра.