Некои згрозени, некои саркастични - Лажниот поп во Ѓорче „го крена“ Твитер

Необичен инцидент се случил викендов на гробиштата во Ѓорче Петров и скопско Волково, каде според сведоштва на граѓани, лице облечено во мантија се претставувало како свештено лице и нудело да врши погребни обреди за пари. 

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека на 1. ноември 2025 година, на гробиштата во Ѓорче Петров, полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров го легитимирале Б.П., кој извршувал верски активности.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР. 

На социјалните мрежи „врие“ од коментари. Некои згрозени, некои саркастични, еве што велат твитерџиите!