Некои со толку алкохол во себе се веќе во кома: Возач од кумановско среде бел ден „дувнал“ 3.67 промили

Лишен од слобода 49-годишен кумановец кој управувал возило со 3,67 промили алкохол во крвта.

Од МВР информираат вчера во 12:02 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Ц.(49) од село Режановце, кумановско.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,67 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

„По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, посочија од МВР.