Некои луѓе воопшто не ве ценат додека не си заминете. Кога ќе престанете да бидете присутни во нивните животи, да ги сакате и да им давате поддршка, тие дури тогаш ќе ве забележат.

Ќе се налутат дека ги игнорирате, ќе ве обвинуваат дека повеќе не ги сакате, иако тие никогаш и можеби не ве сакале вас.

Не го трошете своето време на овие луѓе.

Тие не сфаќаат колку силно можете да ги сакате, да се грижите за нив и да се вложите во односот со нив. Кога ќе ве снема од нивниот живот, кога ќе останат сами, тие дури тогаш ја сфаќаат својата вредност. Кај вас се чувствувале сигурно и безбедно, сега се сами.

Тие ќе се потрудат да го добијат вашето внимание дури откако ќе си заминете. Кога ќе престанете да им праќате пораки, да им се јавувате, да ги прашувате како се, дури тогаш се освестуваат. Тогаш сте им многу потребни. Тие ќе се потрудат да ве освојат дури откако ќе ве изгубат. Претходно имаат други опции, се занимаваат со други луѓе и работи, мислејќи дека не мораат да ве сакаат и ценат, дека секогаш  ќе бидете тука. Тие се себични.

Ќе им недостасувате дури тогаш кога ќе ги заборавите. Кога ќе ги преболите, ќе заборавите дека постоеле, тие тогаш ќе се сетат на вас и ќе се потрудат да ве добијат назад.

Ако си заминете од овие луѓе, никогаш не ледајте назад.