Некои луѓе ве бркаат од својот живот само за да ве турнат во нечиј друг живот

Некои луѓе ве бркаат од својот живот и случајно ве туркаат во туѓ живот. Среќа во несреќа е што некогаш на таквите луѓе засекогаш ќе им бидете благодарни за таа постапка.

Ве бркаат затоа што подготвуваат место за некој важен, а на крај никој не им доаѓа. На почетокот тоа не е убаво чувство. Да се биде отфрлен и оставен. Да се прашуваш и бараш каде припаѓаш. Како и да се чувствувате, не ги молете да ве примат назад во животот, затоа што ако се грижеле за вас, никогаш не би се однесувале така и никогаш не би ве понижиле.

Некои луѓе ве бркаат од својот живот. Не ги напаѓајте, не правете драми од тоа и не се одмаздувајте. Животот ќе се погрижи за сите. Продолжете понатаму. Животот безброј пати докажал дека кога една врата се затвора, те чекаат уште милион други отворени врати.

Доколку не го ставите вашиот мир на врвот на листата со приоритети, набргу ќе немате сила да се борите за себе. Не ја заборавајте вашата вредност. Кога ја знаете сопствената вредност, тогаш нема да ви биде гајле за туѓите зборови и мислења, затоа што во секој момент ќе знаете како да се оттргнете од целата таа негативност.

Заблагодарете им се и тргнете напред, затоа што тие ве научиле да не се задоволувате со трошки почит, туку да одите онаму каде што ве ценат и ве прифаќаат онаков каков што си.