Некои луѓе не доаѓаат за да останат засекогаш во нашите животи и тоа е во ред...

Најдобрите луѓе кои ги среќаваме во нашиот живот се оние кои мораме да ги пуштиме да си одат по некое време. 

И покрај силната поврзаност која ја имаме, и покрај љубовта која ја чувствуваме, сепак мораме да ги пуштиме да си одат. Тие доаѓаат во нашиот живот, но често не со цел за да останат засекогаш. 

Дури и кога ги сакаме со целото срце, мораме да ги пуштиме да си одат. Не постои ветување дека тие ќе бидат со нас предолго. Можеби не е фер, но така треба да биде. Можеме да жалиме, долго да се прашуваме зошто, но мораме да го прифатиме тоа. 

Некои од најважните луѓе во нашите животи доаѓаат неочекувано. Потоа, стануваат странци кои како да забораваат дека биле сакани од нас. Можеби доаѓаат со некаква цел, можеби секој од нив носи различна лекција, можеби доаѓаат за да ни покажат дека секоја личност ни служи некаква цел во нашите животи. Можеби сето тоа е во ред.

Веројатно иста таква улога имаме и ние во нечии туѓи животи, а не сме ни свесни за тоа. Тоа е тој некаков домино ефект, додека не дојде вистинската личност во нашиот живот. 

Наместо да бидеме тажни и вознемирени што сме ги изгубиле, можеби најдобро е да научиме еден важен дел за себеси, да ја прифатиме убавината од нивното присуство а потоа да ги пуштиме да си одат, правејќи место за нова личност, по нив.