Некои луѓе едноставно нема да те сакаат...

Сине мој, постојат луѓе кои едноставно не те сакаат.
Но, немој да се грижиш за тоа, не може секој секого да сака.
Сеедно дали си ги повредил или си им однел цвеќе, дали се предаваш или се бориш, некои едноставно нема да те сакаат.

Заедно ви течат деновите, ќе седите и на иста маса,  но сепак вие сте два различни света кои не можат да се сретнат. И можеш да ја подадеш раката, да го извадиш срцето од градите, да го признаеш страдањето и маката, но некои луѓе едноставно нема да те сакаат.

И кога брoдовите им тонат, ти можеш со џиновска сила да го кренеш тој брод и тие повторно ќе избегаат и ќе си отидат на својот остров.

И затоа, продолжи понатаму.

Неодлучните луѓе се слаби луѓе. Бог ти праќа ветер. Не се враќај назад и грабај! Рашири ги едрата и сонувај. Победувај метар по метар. 

И простувај. Простувај им. Простувај. 

На тие луѓе едноставно ветерот не им е наклонет.

А кога ќе стигнеш до виножитото и ќе пронајдеш нов свет, нека не те победи тагата.

Повторно јави им се...