Некогаш треба да бидеме благодарни што не сме го добиле тоа што сме го посакувале

Најубавото чувство е кога сме среќни во сегашниот момент, без да мислиме на минатото или иднината.

Секој од нас има убави спомени на кои често се навраќа со драго срце, но проблемот настанува кога не сме присутни во сегашноста и мислиме дека можеме да живееме само од спомените. Тоа не е доволно.

Секоја личност има посебна улога во нашиот живот, иако сите ќе се согласиме дека некои луѓе си заминуваат прерано. Но, можеби така требало да биде.

Што би било кога би стапиле во брак со првата личност која сме ја засакале? Што би било кога само би се дружеле со истите другари од детството? Што би било кога би останале само на едно место, онаму каде што ни е најпријатно?

Не би живееле.

Не можеме да го поправиме тоа што е расипано. Можеме да вложиме натчовечки напор, но Меша Селимовиќ вели не се крпи ниту стар фустан, а камоли љубовта. Некогаш едноставно треба да прифатиме и да бидеме благодарни за одредени искуства, бидејќи без нив не би биле онаму каде што сме сега.

Способни сме за многу нешта, можеме да патуваме, да сакаме, да се смееме, но нема потреба да чувствуваме огромна носталгија за минатото или за нешто што се случило а веќе не е дел од нашиот живот. Некои краеви носат голема тага, но сето тоа нè носи кон нешто поголемо. 

Само треба да престанеме да се прашуваме што би било кога би било и да си дозволиме нови луѓе, ситуации и искуства да влезат во нашиот живот. 

Не мораме секогаш да ги имаме одговорите, тие некогаш доаѓаат дури откако ќе завршиме одредена приказна. И, тоа е сосема во ред.