Некогаш ќе останеш сам

Сите некогаш остануваме сами. 

Дали по избор, дали случајно – сите некогаш мораме да се соочиме со својата самотија. 

Самотијата може да биде прекрасен подарок. Време да размислиме за луѓето, животот, ситуацииите.  Тогаш имаме време да се соочиме со она кое сме го избегнувале и не сме сакале да го видиме.

Во самотијата нема каде да бегаш, оставен си сам на себе, со себе. 

И тогаш мораш да бидеш искрен со себе. 

Но, понекогаш, најважно е да бидеш нежен со себе. Да не реагираш на прва на туѓите обвинувања, прекорувања, да имаш разбирање за себе и за она низ кое поминуваш.

Другите не мора да разберат, ниту да сфатат. 

Важно е да дишеш длабоко и да си простиш.

Оние кои сакаат да разберат – ќе разберат. 

Они кои сакаат да те имаат во животот – ќе те имаат, дури и кога понекогаш не си баш најдобро друштво, дури и кога правиш грешки.

Некогаш ќе останеш сам – и тогаш треба само да дишеш длабоко.

Нека престане времето за миг. Да постоиш во тој безвременски простор.

Да се ослободиш од тежината.