Некогаш е толку едноставно, а ние луѓето го комплицираме живеењето

Најдете баланс во животот.

Photo by bruce mars on Unsplash

Работата не може да биде најважното нешто на овој свет. Во неа само ќе се изгубите, а лесно сте заменливи. Секое работно место постои за да можеме да придонесеме, но не и да се изгубиме во него. Ако утре ден нè нема, лесно можеме да бидеме заменети од друга личност. Не постои голема филозофија во тоа, колку и да се убедуваме дека сме најдобри и незаменливи. 

Сакајте ги луѓето. Ако сакате, сакајте силно. Не барајте причини. Вложете се во она во што верувате и тогаш кога другите ви велат дека можеби не треба така. Следете ја својата интуиција, бидејќи таа е дел од вас. Таа го знае патот на кој заслужувате да бидете, или не бидете. Таа ќе ви ги донесе сите одговори. 

Знајте кои сте и колку вредите. Но, знајте и колку заслужувате. Не се споредувајте со другите луѓе бидејќи вашите чевли се само ваши, скроени за вашите стопала.

Вие сте убава личност, уникатна и посебна. 

Верувајте во најдоброто, надевајте се, но ако нешто лошо се случи, немојте да мислите дека тоа ќе трае вечно. Што и да е, ќе помине. 

Прифатете ги промените, пречекајте ги со отворени раце новите нешта и луѓе кои доаѓаат во вашиот живот и радувајте му се на животот.

Некогаш е толку едноставно, а ние луѓето го комплицираме живеењето. Не мора секогаш да е тешко.