Нека се обидат министрите да работат по 60 часа неделно за плата на градежен работник, кажа Јовановиќ

Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии кажа дека начинот на кој се проведува договорот со „Бехтел и Енка“ е погрешен затоа што јавноста мора да има увид во него.

- Нека се обидат министрите да работат 60 часа неделно за плата на градежен работник, па да видиме дали ќе се залагаат за таа мерка, вели Јовановиќ.

Јовановиќ смета дека договорот може да се реализира со 40-часовно работно време, но и повеќе работници со поголеми плати.