Неисчистени оџаци предизвикуваат пожар – апелираат пожарникарите

Пожарникарите апелираат, најмалку два пати во грејната сезона оџаците да се чистат.

Граѓаните горат сé и сешто, пластика текстил, влажни дрва, велат тие, а сето тоа е добра подлога за да се предизвика пожар.

Голем дел од домаќинствата, особено во руралните средини се затоплуваат со дрва, па тие мора да се свесни дека мора редовно да ги чистат.

Во јавните претпријатија каде има ложишта, односно, парни котли, чистење оџаци треба да се врши еднаш месечно. Тоа е во надлежност на ДЗС која врши контрола и проверка на исправноста на оџаците. Новина во Законот за заштита и спасување е што инспекторите при увид на пожари на објекти можат да поднесуваат пријави за неисчистени оџаци и во приватна сопственост.