Неговиот брат извади пиштол среде Скопје - Како го разрешија директорот на Комунална хигиена?

Директорот на Комунална Хигиена-Скопје, Зуди Енузи, е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие Комунална Хигиена откако вчера беше откриено дека неговиот брат со пиштол бил дел од инцидентот во центарот на Скопје, за време на протестите против францускиот предлог.

-И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието, соопшти доцна синоќа градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Овој потег на Арсовска наиде на низа коментари.

Еве што вели јавноста за овој случај:

-Само да прашам. Што има врска директоров да добие отказ, а брат му пукал во демонстрантите.

-Па мислам дека цел плоштад Скендер Бег не е имот на пиштолџијава. Или е? Бидејќи прво на мостот стоеја истите хип хоп денсери кои од камењата рипаа како мајмунчиња. Ако се мажи што не дојдоа поблиску? Тој си го штител имотот. А ние си ја штитиме државата. Што тежи повеќе?

-Брат му нека си одговара овој ако си е врши работата како треба, нема потреба да се отпушта од работа.

-Единствен директор во ЈП Комунална хигиена кој во последните 20 години успеа да покаже позитивен резултат за само неколку месеци работа, што е нјаважно да ја издигне хигиената на високо ниво во градот, да донесе хармонија меѓу вработените во претпријатието. Квалитетот и успехот последен се вреднува во македонски услови.

-Нема потреба да одговара, што е виновен за постапките за неговите роднини.