Неготинец украл паркирано возило од свој сограѓанин - полицијата го уапсила

Вчера во 13:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Д.(30) од Неготино.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој се сомничи дека одзел паркирано патничко возило, сопственост на 54-годишен неготинец.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот.

По документирање на настанот против С.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.