
27-годишник од неготинско ќе одговара кривично, бидејќи откако пронашол дебитна картичка, без дозвола на сопственикот извршил неколку транскации.
Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кавадарци поднело кривична пријава против А.Т.(27) од неготинско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи".
Имено, на 07.09.2026, пријавениот пронашол дебитна платежна картичка од банка, по што без дозвола и согласност на сопственикот ја употребил и извршил три успешни трансакции.
Притоа, според пријавата, тој се стекнал со противправна имотна корист од 3.645 денари.