Неготинец ја дал марихуаната на малолетната невенчана сопруга кога дошла полицијата кај него дома, па двајцата завршиле со лисици на рацете

Вчера во 18:30 часот во село Дуброво, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Х.Т.(20) од Дуброво и неговата 17-годишна невенчана сопруга.

Од МВР информираат дека по наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на Х.Т. и при преглед кај малолетничката била пронајдена и одземена марихуана, која Х.Т. ѝ ја дал кога ги забележал полициските службеници.

Тие биле приведени во полициска станица, со малолетничката бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Неготино.

Известен бил и јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, посочија од МВР.