„Недостигаш“ - славејчињата му посветија песна на Влатко

Четири талентирани девојчиња создадоа песна за македонскиот музичар Влатко Илиевски, кој почина минатата година на 33-годишна возраст.

Елена Георгиевска, Матеа Илиева, Викторија Ефтимова и Анастасија Илиевска, кои се членови на хорот „Златно Славејче", ја напишаа и снимија песната „Недостигаш“ посветена на нивниот пријател и идол Влатко Илиевски.

„Секогаш твоето име ќе го величиме и засекогаш ќе остане врежано во нашите срца. Со тебе пораснавме, се дружевме, а сега те нема... Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен!“ – напишаа девојчињата.