Денеска е Духовден, празник во спомен на мртвите.
Photo by David Monje on Unsplash
Речиси секој од нас денес помислува на личност која му недостасува. Ни недостасуваат заедничките моменти, спомените кои сме ги создавале заедно, животот кој сме го имале со нив.
Веројатно нашиот живот целосно се изменил по нивната смрт, веќе не сме исти, а и никогаш не можеме да бидеме исти. Но, ред е денес да ги спомнеме и да се сетиме на нив, во нашето срце и мисли.
Никогаш не сме подготвени да се подготвиме со смртта, особено ако таа некогаш е ненадејна. Иако некогаш е најавена, никогаш не можеме целосно да ја прифатиме и до финалниот момент, се надеваме на уште малку живот со нив. Недостасувањето трае цел живот и живееме со болката.
Некогаш дури после смртта на блиска личност, тогаш развиваме подобро разбирање за нивниот живот, за тоа колку сме биле блиски и какво место имале тие во нашиот живот. Без оглед на староста, болката постои.
Како и да е, важно е да знаеме дека луѓето нема засекогаш да бидат дел од нашиот живот. Важно е да ги сакаме, да ги цениме и сакаме додека се живи. Штом ги снема од овој свет, не можеме да ги вратиме. Најдоброто што можеме да го направиме е да го стоплиме нашето срце со спомени и да ги спомнеме.