Недостаток на витамин Ц - како да го препознаете?

Недостатокот на некој витамин или хранлива материја никогаш не е добра работа за нашето тело, но недостатокот на витамин Ц е оној на кој е особено важно да се обрне внимание.

Photo by Moritz Nie on Unsplash

Витален за нашето целокупно здравје, витаминот Ц работи на подобрување на здравјето на нашата кожа, зајакнување на нашиот имунолошки систем, поддршка на нашите метаболички процеси, но и многу повеќе.

Зошто витаминот Ц е добар за нас?

Како што објаснува Елизабет Шарп, докторка и основач на Health Meets Wellness, витаминот Ц е витамин растворлив во вода кој се наоѓа во агрумите, бобинките и некои зеленчуци. Исто така познат како аскорбинска киселина, витаминот Ц е антиоксиданс што му е потребен на нашето тело за правилно функционирање.

Кои се симптомите на недостаток на витамин Ц? 

Недостатокот на витамин Ц може да се манифестира на многу начини и, во најлош случај, на крајот да доведе до скорбут доколку не се преземе ништо против тоа. Саманта Дајрас, директорка на Службата за амбулантска исхрана во болницата Маунт Синај и д-р Шарп ги наведуваат следните симптоми како симптоми кои може да укажуваат на ниско ниво на витамин Ц:

Крварење на непцата (гингивитис)

Губење на забите

Замор

Губење на тежина

Болки во зглобовите

Лошо заздравување на раните

Сува уста

Слаб раст на коските кај децата

Сува и кршлива коса

Мали црвени и кафени дамки (како петехии)

Жолта боја (пигментација) на кожата

Лесно создавање модринки

Отекување на фоликулите на косата (т.н. перифоликуларно)

Според познатата американска клиника Мајо, луѓето кои се склони кон недостаток на витамин Ц се пушачите, оние кои имаат гастроинтестинални проблеми или имаат одредени видови на рак. Но, добрата вест е дека штом ќе се дијагностицира, оваа состојба може да се лекува.

Како да се поправи недостатокот на витамин Ц?

Препорачаната дневна количина на витамин Ц е 75 микрограми (mcg) за возрасни жени (120 mcg за бремени жени) и 90 mcg за возрасни мажи.

Најдобар начин да бидете сигурни дека ќе ги достигнете тие нивоа и ќе внесете доволно витамин Ц е преку вашата исхрана. Експертите препорачуваат да вклучите свежо овошје и зеленчук богати со витамин Ц во вашите оброци, како што се: грејпфрут, портокали, лимони, лимета, црвени пиперки и брокула. Други опции вклучуваат додатоци на витамин Ц, но треба да внимавате кои ги консумирате, бидејќи не се сите исто ефикасни.

Треба да се има на ум дека секој витамин подобро се апсорбира преку храната.