Недолично однесување на ученици од осмите одделенија од две струмички основни училишта за време на театарска претстава.

фото: фб/Моја Струмица
Според објава на Фејсбук-страницата „Моја Струмица“, учениците викале, ја нарушувале дисциплината и фрлале шишиња кон сцената и актерите за време на изведбата на „Бегалка“ во Театарот „Антон Панов“.
Претставата била организирана денеска, специјално за учениците од осмите одделенија од основните училишта „Видое Подгорец“ и „Сандо Масев“ од Струмица.
Од страницата „Моја Струмица“ посочуваат дека „Бегалка“ е задолжителна лектира за основците и го оценуваат однесувањето на учениците како недозволиво. Во објавата се отвора и прашањето за одговорноста на наставниците кои ги придружувале учениците, како и за улогата на образовниот систем во воспитувањето на младите.
Засега нема дополнителни информации за евентуални реакции од училиштата, наставниците или раководството на Театарот „Антон Панов“ во врска со наводите изнесени во објавата.