Неделниот ден ќе биде ден за одмор и тоа решение ќе биде трајно, за работодавачите ваквото решение не е добро

Неработната недела одново ги скара претставниците на работодавачите и работниците. Според влдината одлука од синоќа,  неделниот ден ќе биде ден за одмор и тоа решение ќе биде трајно, нема да важи само додека трае епидемијата.

За работодавачите, ваквото решние не е добро. Тие сметаат дека е во ред сега да не се работи за да не се шири заразата, но како трајно решение не е добро затоа што македонската економија е слаба и тоа не може да си го дозволи.

Од Гласен текстилец кои бараа со закон да се забрани работа во недела велат дека решението треба да е трајно затоа што во земјава газдите немаат навика да плаќаат за работа во недела иако законот го налага тоа.

Неработната недела ќе влезе во законот. Владата го задолжи министертсвто за труд во рок од 15 дена да ја вметне одлуката во него. Од таму велат дека денеска се формира рабтна група која ќе ги утврдува детали заедно со засегнатите. Потоа не биде дали во недела ќе одмараат сите или само некои.