Неделни навики кои ќе ви помогнат да се подготвите за престојната седмица

За сите нас, неделата е ден пред понеделник, кога се обидуваме да направиме баланс меѓу тоа што треба  да завршиме, но и да си дадеме одмор кој го заслужуваме пред престојната напорна седмица. Но, како да го постигнеме тоа?

Ова се неколку навики кои треба да почнеме да ги применуваме во недела.

Имајте бавно, релаксирано утро

Не брзајте да станете од спиење, а кога ќе станете испијте го своето кафе нате-нане, но не го правете тоа никако во брзање. Подгответе си и убав појадок и уживајте во почетокот на утрото.

Направете листа за престојната недела

Ако се чувствувате како да имате премногу обврски кои ве очекуваат, тогаш направете листа на тоа што треба да го завршите. Поделете ги по денови и приоритизирајте што ви е важно.

Одете на прошетка

Знаеме дека недела е ден кога најчесто се гледаме со луѓето кои ни значат, или барем со оние со кои сметаме дека мораме да се видиме, но убаво би било кога би си одвоиле време да испешачиме малку. Можеме да отидеме на Водно, но можеме и да пешачиме до кафулето каде ќе го испиеме кафето со пријателите.

Испланирајте ја облеката која ќе ја носите

Испланирајте какво ќе биде времето и која облека ќе сакате да ја носите во текот на престојната седмица, и испланирајте ги комбинациите.

Одвојте време за себеси

Одвојте време за да прочитате книга, да лежите во када долго, да уживате. Дајте си време да ги наполните батериите и да се одморите добро.

Одете порано на спиење

Многумина од нас не го сфаќаат тоа, но добриот сон е основа за добро расположение. Одете на спиење порано и подгответе се за следната недела без да станете ненаспани, мразејќи го понеделникот.