Неделна временска прогноза

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 34 Целзиусови степени.УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат од 15 до 32 степена.

Утре во попладневните часови во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.

Во вторник ќе има извесно преодно стабилизирање на времето. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. До среда дневните температури ќе бидат во пораст, а од четврток ќе бидат во опаѓање.