Неделна временска прогноза

До крајот на оваа недела не чека исклучително топло време и температури кои се меѓу 6 – 8 степени над просекот за овој период од годината. 

Утре ќе имаме скоро ист ден како денешниот. Температурите во одредени делови од Македонија ќе достигнат и 28 степени а наутро ќе биде околу 10 степени.

Ист ден се најавува и за во среда.Во четврток се очекува уште малку повисоки температури кои во јужните делови во периоди од денот ќе одат и над 30 степени, што ќе биде прва 30+ температура за оваа календарска година.

Натпросечно топлото време ќе се задржи до крајот на неделата а веќе од почетокот на наредната, ако може да им се верува на долгорочните прогнози кои не даваат најпрецизни резултати се најавуваат услови за врнежи од дожд и спуштање на температурите околу 20тиот степен.