Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 17 јули 2017 година, 198-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:08, а ќе зајде во 20:09 часот. Денот ќе трае 15 часа и 01 минути.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престануваат а во северозападните и северните предели се очекува и процес на намалување на облачноста кој што во вечерните часови ќе се прошири и во останатите предели. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури се во опаѓање и се движат од 9 до 16 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 16 односно до 25 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно облачно со услови за сосема слаби врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен северен ветер. Утринската температура од 15 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 23 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време. Утринските температури од 10 до 19 степени, а максималните  температури ќе достигнат до 22 односно до 31 степен. Во среда и четврток сончево и потопло време и ќе продолжи трендот на пораст на дневните температури но утрата и ноќите ќе бидат свежи. Во среда утринските температури од 8 до 17 додека пак дневните од 24 до 33 степени, а во четврток минималните од 9 до 18, додека пак дневните од 26 до 35 степени. Сончево и топло време се очекува и во петок кога дневните температури ќе достигнат до 27 односно до 36 степени.

weather4all.com.mk