Неделна радост во Зоолошка, се роди бебе лемур

Неделна радост во скопската Зоолошка градина каде денес се роди бебе лемур. Убавата вест беше споделена на социјалните мрежи. Радоста е уште поголема затоа што скопската зоолошка е една од ретките каде каде што секоја година се раѓаат по неколку лемурчиња. 

„Колку за споредба, минатата година се роди едно лемурче по подолго време во зоолошката во Москва и тоа беше сензација со месеци низ цела Русија.Очигледно, скопската топла клима, но и грижата за нив, се клучни да имаме најмногу бебиња од овој загрозен вид.“, напишаа на фејсбук страната на Скопје Зоо. 

Неделна радост во Скопје Зоо- Имаме бебе лемур Прстенопашестите лемури се загрозен вид и во природата се останати...

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Sunday, April 11, 2021