Неделна агенда на културни настани и случувања во Скопје

Понеделник 07.11.2016

МНТ

Госпоѓа Министерка

Автор: Бранислав Нушиќ
Режисер: Наташа Поплавска

Почеток: 20.00 часот

Кино Култура

Контра кадар СК 30 – 3 Women – Женските ликови кај Алтман

Роберт Алтман е ненадминатиот гениј на независниот филм и еден од најистакнатите претставници на ерата на Новиот Холивуд (New Hollywood). Понекогаш подзаборавен Алтман претставува вистинско освежување во седумдесетите години на минатиот век со својот уникатен филмски јазик.

3 Women (3 Жени) се смета за едно од неговите најзначајни дела кое во 1977 од познатиот филмски критичар Роџер Еберт е прогласено за филм на годината. Ова дело зрачи со својата човечност, но исто така и со својот немир. Тоа е една вознемирувачка приказна за три жени чија психа е многу слична кои само како одделно да егзистираат во оваа димензија, а на повисоко ниво се поврзани меѓусебе.

Влез: Слободен/ Почеток: 20.00 часот

Кинотека на Македонија

Филмски фестивал – Слобода и Љубов

По повод 60-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година

7 ноември (понеделник)
19.30 ч. / Ихрај ја својата игра
Документарен, Унгарија
2016 г., 25 мин., колор/црно бел, ДВД
Режија: Ferenc Török
Сценарио: Mária Schmidt, Gábor Tallai

20.00 ч./ Крушевските Унгарци
(Hungarians in Krushevo)
Документарен, Македонија
2016 г., 21 мин., колор, ДВД
Сценарио: Катерина Групче

Филмскиот фестивал трае до 09.11.16 за подетални информации за програмата кликнете на линкот на насловот.

Вторник 08.11.2016

Кино Култура

Солун, град на духови

Кино Култура – Театар на Навигаторот Цветко
„Солун, град на духови”
текст на Русомир Богдановски, инспириран од истоимената книга на Марк Мазовер
музика на Златко Ориѓански
режија на Слободан Унковски
Во претставата играат: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников и Владимир Петровиќ.

Почеток: 20.00 часот

Драмски театар Скопје

1900 – ТИОТ - монодрама

играат: Кристијан Светиев

автор: Алесандро Барико

Почеток: 20.00 часот

Рок Кафана Рустикана 2.0

Неделна програма

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. In The Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 6 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок – Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Јован и Ташко во соработка со Тиквеш. Александрија Cuvee и Special Selection Oak Edition по цена од 600 денари за 0,75.
R’n’R 101 со Ringroad. Класисична рок едукација со старт после 21:30.

*Сабота – Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период.
Кума и Црни за стандардно добра саботна забава со старт после 21:30

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

Почеток: 21.00 часот

Среда 09.11.2016

Драмски театар Скопје

ЖИВОТ ВО ТЕСНИ ЧЕВЛИ

играат: Драган Спасов - Дац, Марија Кондовска, Ѓокица Лукаревски, Ванчо Петрушевски, Душица Стојановска, Биљана Драгичевиќ - Пројковска, Зоран Љутков, Бобан Алексоски/Христијан Поп Симонов, Ненад Ангелковиќ, Миа Кантарџиева, Благица Димитровска

автор: Душан Ковачевиќ

режија: Ненад Витанов

 Почеток: 20.00 часот

Продолжува на наредната страна.........

Четврток 10.11.2016

МНТ

Мајсторот и Маргарита

Добро познатата театарска претстава повторно на репертоарот. Нема кој не игра

Почеток: 19.00 часот

Македонска Филхармонија

Enfant Terrible

Диригент: Емил Табаков (Бугарија)

Солист: Ѓорѓи Димчевски -виолина
Програма:
S. Prokofiev: Симфонија бр. 1 оп. 25 „Класична“
S. Prokofiev: Концерт за виолина и оркестар бр. 1 D-dur оп. 19
W. A. Mozart: Симфонија бр. 39 Es-dur K543

Почеток: 20.00 часот

С26

Скопска ситуација

DJ Гоце САФ & DJ Чваре за незаборавна скопска ситуација

Почеток: 23.00 часот

Драмски театар Скопје

ЈОВ

играат: Игор Стојчевски, Соња Стамболџиоска, Филип Трајковиќ, Златко Митрески/Симон Манасковски, Игор Георгиев, Александра Павлова, Емилија Мицевска, Благица Димитровска.

автор: Венко Андоновски

режија: Сашо Миленковски

Почеток: 20.00 часот

Петок 11.11.2016

Драмски театар Скопје

СЕКС ДРОГА И РОКЕНРОЛ

играат: Сашо Тасевски

автор: Ерик Богосјан

режија: Ристе Алексовски

Почеток: 20.00 часот

Public Room

Lucky Friday

Tikves Special Selection, Brzanov, Popov – 2 шишиња или 2 чаши наливно вино, по цена за едно!

Надополнети со вкусна храна, пријатна тераса, боса нова џез… за опуштено дружење после напорна работна недела!

Почеток: 16.00 часот

Скопје Мериот Хотел

The Art of Chocolate & Wine

The Art of Chocolate & Wine – е работилница отворена за сите (18+) вљубеници на рачно изработеното чоколадо, сoфистицираните делиции кои произлегуваат од него, како и тајните на посебните вина кои се селективно одбрани за впарување, се со цел да го допреме небото како ултимативна граница на уживањето.

Работилницата ќе ја води Звонко Херцег, WSET сертифициран познавач на вина заедно со Игор Стојановски креаторот на продуктите од Пастел.

Бидејќи местата се ограничени, резервирајте влезница на www.ebar.mk/the-art-of-chocolate-wine.

Почеток: 19.00 часот

Public Room

Промоција на „Што си ти?“ и концерт на „Летечки пекинезери“

Промоција на „Што си ти?“, избор од најубавата поезија од европски авторки, направен од страна на соработниците и пријателите на издавачката куќа „Антолог“ по повод второто издание на фестивалот „BookStar“.

По промоцијата, концерт на „Летечки пекинезери“.

Почеток: 20.00 часот

МКЦ

CinEmusic :: CinEscapes

Cinescapes: Mnemonic45 & Obohtal

Mnemonic45 и Обохтал во живо ќе креираат нов соундтрак за сцени од делата на Мichelangelo Аntonioni, Ingmar Bergman, Werner Herzog, Андрей Тарко́вский, Kaneto Shindo.

+ Промоција на албумот “Mnemonic45 – Planetarium“, во издание на Ако никој не свири и МКЦ.

Влез: 100 денари, билетите се продаваат само на касата на МКЦ.

Почеток: 23.00 часот

Сабота 12.11.2016

Драмски театар Скопје

СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА

играат: Александра Павлова, Таци Илиева - Вељиќ, Калина Наумовска, Златко Митрески, Александар Степанулески, Димитрија Доксевски, Мартин Минговски, Дритон Вејсели, Соња Стамболџиоска, Сања Арсовска, Игор Георгиев, Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Бобан Алексоски, Дарко Карбески, Марко Илиќ

автор: Александра Бошковска

режија: Димче Николовски

Почеток: 12.30 часот

Кинотека на Македонија

Етнофф 2 – Студентски етно филмски фестивал

Студентски филмски фестивал во организација на Македонско студентско етнолошко – антрополошко друштво – МСЕАД. Фестивалот ќе трае цел ден и е поделен во 3 блока. За кои филмови кога ќе се прикажуваат кликнете на линков во насловот.

Почеток: 11.00 часот

Public room

Сабота во Јавна Соба

5 дечки кои ни доаѓаат од Штип…
Џез за уживање отсвирен од Горан Кавраков – саксофон, Панко Гелев – гитара, Филип Крстевски – тапани, Боро Шопов – бас и Мици Милковски – клавијатура

Почеток: 22.00 часот

МКЦ

CinEmusic :: Anthony Rother

Anthony Rother е признаен мајстор и своевидна легенда на светската електронска сцена. Потекнува од германската електро школа на 90тите години, кога ги креира првите песни (Redlight District) кои му носат светска слава.

Домашна поддршка:

Mirko Popov [PMG Recordings]
https://soundcloud.com/mirkopopov

Andreas Hz [BTKRSH]
https://www.residentadvisor.net/dj/andreashz
https://www.facebook.com/AndreasHz/

Martchin [BTKRSH]
http://www.mixcloud.com/martchin-triffo/
https://soundcloud.com/martchin-martchin

Visuals by Lazy Kidz Visualz
https://www.facebook.com/LazyKidzVisualz

Билети по цена од 200 денари (во ограничен број) можат да се набават преку МКТикетс (http://www.mktickets.mk/anthony-rother-cinedays) или на Билетарница МКЦ.
На ден на настанот цена на билет ќе изнесува 300 денари.
Побрзајте!

Почеток: 23.00 часот

Недела 13.11.2016

Спортски центар Борис Трајковски

Jean-Michel Jarre во Скопје @Таксират 18

Пионерот на електронската музика Жан-Мишел Жар ќе го одбележи отворањето на 18-то издание на фестивалот Таксират со спектакуларно аудио-визуелно шоу што ќе се одржи на 13-ти ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во својата 40-годишна кариера, револуционерниот француски уметник првпат настапува во Македонија, како дел од големата светска турнеја што ќе биде своевидно заокружување односно круна на проектот „Електроника“ – албум во два тома, првиот издаден лани, вториот годинава.

Почеток: 19.30 часот

Concept 37

Macedonian Bike Riders – Роденденска забава

Втор роденден на групата. Прославата ќе биде во Концепт 37 од 20:00 па натака.

Почеток: 20.00 часот